spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: До крајот на 2023 година инвестиција од 11 милиони денари во...

Бутел: До крајот на 2023 година инвестиција од 11 милиони денари во образованието

Општина Бутел инвестира нови средства во износ од 11.000.000 денари, во општинските основни училишта и во образованието.

Локалната самоуправа инвестира во нови училишни смарт табли. Исто така, ќе биде обновен училишниот инвентар со нови клупи и столчиња.

Учениците ќе ги добијат и училишните униформи од второто полугодие.

Две нови фитнес игралишта ќе добијат ООУ “Гоце Делчев” и ООУ “Св. Климент Охридски”.

Со овие активности за период од 2 години заокружуваме 53.000.000 денари инвестиции во образованието.

Образованието и младите остануваат врвен приоритет на градоначалникот Дарко Костовски.

 

 

 

Извор: Општина Бутел 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...