spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, ноември...

ДЗС: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, ноември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2023 година, во
споредба со претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 100.2.
Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај виното и цигарите за 5.1 %, пивото за 2.4 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести
плодови за 2.3 %, жестоките пијалаци за 1.1 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук
за 0.4 %, маслото и маснотиите за 0.2 %.
Во ноември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај поправките на мебелот,
покуќнината и покривките за подот за 3.8 %, централното греење, другите печатени материјали за 3.5 %, услугите за
одржување и поправките на живеалиштето за 3.3 %, производите за домаќинството – нетрајни за 2.2 %, канцеларискиот
материјал и материјалите за цртање за 2.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.5 %, електричните
апарати за лична хигиена за 1.4 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.3 %, туристичките
аранжмани за 1.1 %, услугите за рекреација и спорт за 1.0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето
за 0.8 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.7 %, фармацевтските производи, другите апарати
и производи за лична хигиена за 0.6 %, парамедицинските услуги за 0.5 %, другото образование за 0.4 %, теписите и
другите подни покривки, рестораните, кафулињата и слично, фризерските салони и центрите за разубавување, другите
лични предмети за 0.3 % и медиумите за снимање за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2023 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6.9 %, млекото за 0.9 %, кафето, чајот, какаото за 0.7 %, јајцата,
шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, прехранбените производи, неспоменати на
друго место за 0.3 %, рибата и морските плодови за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт
за 10.4 %, течните горива за домаќинствата за 4.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3.1 %,
информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 %, моторните возила, велосипедите за 0.4 %, чевлите и
другите обувки, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 % и услугите за сместување за
0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи зголемување
од 3.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.4 %.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...