spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Активно население во Македонија во третото тримесечје од 2023 година

ДЗС: Активно население во Македонија во третото тримесечје од 2023 година

 

Во соопштението се прикажани резултати од Анкетата за работната сила (АРС) за третото тримесечје од 2023 година.
Овие податоци не се споредливи со податоците од претходните тримесечја од другите години, бидејќи во 2023
година е имплементирана новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот за социјална
статистика и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 за областа на работната сила, при
што претходната Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.
Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, почнувајќи со промени во дизајнот на
прашалникот, промена во редоследот на прашањата, промени и отстранување на постојните и додавање нови
прашања, промени во опфатот и дефиницијата за вработеност и невработеност.
Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци. Планирано е да се пресметаат
ревидирани серии на основните показатели за вработеноста и невработеноста за периодот од првиот квартал од
2009 до четвртиот квартал од 2022 година за да се овозможи споредливост на податоците.
Подетални резултати од Анкетата за работната сила може да се најдат во базата МакСтат на линкот:

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...