spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Прв состанок за координирање на политики меѓу надлежните институции и донаторската...

МЛС: Прв состанок за координирање на политики меѓу надлежните институции и донаторската заедница

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов го отвори првиот состанок за координирање на политики меѓу надлежните институции и донаторската заедница на тема „Дигитализација на локално ниво”.

Процесот на координација го водат Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Европската Унија.

На состанокот говореа заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, државната секретарка во СЕП Дрита Халили Абдиу, директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман Марти.

Претставници од УНДП, од Делегацијата на ЕУ и од УСАИД ги презентираа проектите преку кои што се спроведуваат активности за дигитализација на локалните услуги.

Првиот координативен состанок иницираше дијалог на тема „Дигитализација на локално ниво” заради поефективни општински услуги кон граѓаните и зголемена транспарентност и отчетност. Овој процес на тематска координација ќе ги поддржи институциите да ја подобрат хармонизацијата, координацијата и спроведувањето на активностите за дигитализација и дигитална трансформација на кохерентен начин.

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте