Европската Унија, Европската комисија и Европската истражувачка област (European Research Area) соочувајќи се со големите општествени, еколошки и економски предизвици креираше нови приоритети како одговор на новите барања. Последните приоритети се содржани во два документи и тоа:
-Пакт за истражување и иновации во Европа
– Агенда на Европската истражувачка област 2022-2024
Новата Агенда на Европската истражувачка област 2022-2024 и Пактот за истражување и иновации во Европа се реализира преку 20 акции преку кои се придонесува во имплементација на приоритетните цели.
Министерството за образование и наука објавува јавен повик за сите истражувачи од јавните универзитети и јавните научни установи кои се заинтересирани да учествуваат во следниве ЕРА акции:
- Enable Open Science, including through the European Open Science Cloud (EOSC)
- Promote gender equality and foster inclusiveness
- Protect academic freedom in Europe
- An ERA for green transformation
- Accelerate the green/digital transition of Europe’s key industrial ecosystems
- Enhance public research institutions’ strategic capacity
- Заинтересираните кандидати треба да достават:
-Кратка биографија со фокус на областа од интерес
-Меѓународно искуство во областа од интерес (учество во меѓународни проекти, конференции и сл.)
-Доказ за избор во наставно-научно звање
-Кратко резиме со предлози за унапредување и хармонизирање на националните политики во областа од интерес
- Учеството на избраните номинирани лица од страна на Министерството за образование и наука на состаноците на ЕРА акциите ќе се одвива со комбиниран пристап и тоасо примена на средства за електронска комуникација на некоја од достапните комуникациски платформи дадени од организаторот или со физичко присуство.
- Начин на аплицирање:
Апликацијата се пополнува електронски на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk во менито конкурси – наука каде се прикачува и соодветната документација.
Јавниот повик трае 10 (десет) дена почнувајќи од денот на објавување на веб страната на Министерството за образование и наука.