spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за интерес за учество во ЕРА акции

МОН: Повик за интерес за учество во ЕРА акции

Европската Унија, Европската комисија и Европската истражувачка област (European Research Area) соочувајќи се со големите општествени, еколошки и економски предизвици креираше нови приоритети како одговор на новите барања. Последните приоритети се содржани во два документи и тоа:

-Пакт за истражување и иновации во Европа

https://research-and-innovation.ec.europa.eu/document/download/3f3aebf6-25a5-4565-97e5-8056266a5396_en

– Агенда на Европската истражувачка област 2022-2024

https://research-and-innovation.ec.europa.eu/document/download/0c2f5f95-3274-4ab8-9acb-d6673dc238b8_en?filename=ec_rtd_era-policy-agenda-2021.pdf

Новата Агенда на Европската истражувачка област 2022-2024 и Пактот за истражување и иновации во Европа се реализира преку 20 акции преку кои се придонесува во имплементација на приоритетните цели.

Министерството за образование и наука објавува јавен повик за сите истражувачи од јавните универзитети и јавните научни установи кои се заинтересирани да учествуваат во следниве ЕРА акции:

  1. Enable Open Science, including through the European Open Science Cloud (EOSC)
  2. Promote gender equality and foster inclusiveness
  3. Protect academic freedom in Europe
  4. An ERA for green transformation
  5. Accelerate the green/digital transition of Europe’s key industrial ecosystems
  6. Enhance public research institutions’ strategic capacity
  7. Заинтересираните кандидати треба да достават:

-Кратка биографија со фокус на областа од интерес

-Меѓународно искуство во областа од интерес (учество во меѓународни проекти, конференции и сл.)

-Доказ за избор во наставно-научно звање

-Кратко резиме со предлози за унапредување и хармонизирање на националните политики во областа од интерес

  1. Учеството на избраните номинирани лица од страна на Министерството за образование и наука на состаноците на ЕРА акциите ќе се одвива со комбиниран пристап и тоасо примена на средства за електронска комуникација на некоја од достапните комуникациски платформи дадени од организаторот или со физичко присуство.
  2. Начин на аплицирање:

Апликацијата се пополнува електронски на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk во менито конкурси – наука каде се прикачува и соодветната документација.

Јавниот повик трае 10 (десет) дена почнувајќи од денот на објавување на веб страната на Министерството за образование и наука.

 PRIJAVA MK_3.docx

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте