spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Соопштение

МВР: Соопштение

Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава. На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...