spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата на следната седница ќе донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ

Владата на следната седница ќе донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ

Ве информираме дека на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:

1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,

2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Воедно, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио-сообраќај.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...