spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Отпочна консултацијата за новиот Акциски план за локален развој и децентрализација

МЛС: Отпочна консултацијата за новиот Акциски план за локален развој и децентрализација

Во организација на Министерството за локална самоуправа започна консултацијата за подготовка на Акцискиот план на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2024-2026 година.
Со учество на сите надлежни институции и претставници од граѓанскиот сектор во наредните денови ќе бидат креирани активностите за наредните три години, кои што ќе придонесат за подобрување на системот на локалната самоуправа, подобрување на локалните услуги и поттикнување на локалниот развој.
Процесот на консултација е важен во планирањето на Акцискиот план, затоа што станува збор за активности кои што се во надлежност на многу министерства и кои што имаат влијание на локалната самоуправа. Важно е и учеството на граѓанскиот сектор кој што ги рефлектира потребите на граѓаните и врши евалуација на мерките.
Процесот на консултација и подготовката на Акцискиот план се помогнати од  швајцарската Влада и од УНДП во рамките на проектот Зајакнување на општинските совети.

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте