Гордоста на Карпошани, салата „Наум Наумовски Борче”, позната како сала „Партизан” од руина прерасна повторно во врвен спортски објект, благодарение на заложбите и упорноста на повеќе субјекти: Агенцијата за млади и спорт, Општина Карпош, Владата на РСМ, Меѓународното здружение „Ехо”.
–Денеска имаме убав повод за радост. Оваа година за завршуваме со заокружени и целосно функционални големи проекти кои се од клучно значење за спортот, но и за сите граѓани! Како Агенција за млади и спорт, со поддршка и на Владата целосно сме посветени на изградба на спортски објекти, но секако и да ги вратиме во целосна функција објектите кои се од големо значење за граѓаните, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски и Премиерот Ковачевски кој истакна дека е посебно горд на отворањето на спортската гордост на Карпошани, која повторно заживува во полн сјај.
–Спортската сала „Партизан“, беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град.
Но, со заеднички напори успеавме да ја реновираме во целост, и нејзината надворешност, но и внатрешноста, за што беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт, додаде Ковачевски.
Извор: Агенција за млади и спорт