HomeСамостојни органиАМС: Повторно заживува култната сала „Партизан”

АМС: Повторно заживува култната сала „Партизан”

spot_img
spot_img

Гордоста на Карпошани, салата „Наум Наумовски Борче”, позната како сала „Партизан” од руина прерасна повторно во врвен спортски објект, благодарение на заложбите и упорноста на повеќе субјекти: Агенцијата за млади и спорт, Општина Карпош, Владата на РСМ, Меѓународното здружение „Ехо”.

–Денеска имаме убав повод за радост. Оваа година за завршуваме со заокружени и целосно функционални големи проекти кои се од клучно значење за спортот, но и за сите граѓани! Како Агенција за млади и спорт, со поддршка и на Владата целосно сме посветени на изградба на спортски објекти, но секако и да ги вратиме во целосна функција објектите кои се од големо значење за граѓаните, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски и Премиерот Ковачевски кој истакна дека е посебно горд на  отворањето  на спортската гордост на Карпошани, која повторно заживува во полн сјај.

–Спортската сала „Партизан“, беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град.

Но, со заеднички напори успеавме да ја реновираме во целост, и нејзината надворешност, но и внатрешноста, за што беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт, додаде Ковачевски.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија