spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата

Центар: Конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата

Врз основа на член 22, став 1, точка 5 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002), и точка 8.2 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-5640/42 од 28.12.2023 година (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.18/2023), Општина Центар – Скопје распишува

 

КОНКУРС

за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар-Скопје зема обврска за финансиска поддршка на проекти и здруженија на граѓани од сите области на културата.

 

  1. УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледан од  Комисијата за рангирање на пријавите од здруженијата на граѓани и регистрирани организации во областа на културата:

– да е нов и иновативен во полето на современата уметност

– да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните

– да вклучува активности за различни старосни групи

– да ги афирмира младите професионалци во полето на современите уметности

– да промовира нови и иновативни изрази во уметноста.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО И КРИТЕРИУМИ

Право на учество на Конкурсот ќе имаат здруженијата на граѓани и регистрирани организации во полето на културата со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да се регистрирани како здружение или организација од областа на културата во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или организацијата

– да имаат најмалку една година работно искуство во културата

– да поднесат извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината ако за претходната година добиле средства преку Конкурсот од Програмата за култура на Општина Центар за 2023 година.

 

  1. ВИД ПРОЕКТИ ШТО ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНИ:

Во согласност со Програмата за култура на Општина Центар за 2024 година, здруженијата и организациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области и значајни настани:

– Светски ден на уметноста 15 април

– Светски ден на поезијата 21 март

– Светски ден на музиката 21 јуни

– Светски ден на аудиовизуелното наследство 27 октомври.

 

  1. КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ќе се евалуираат од стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар – Скопје.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

– проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање

– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот

– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот

– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот

– да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во Општината.

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Здруженијата што учествуваат на Конкурсот треба да достават:

– пополнета пријава

– портфолио на организацијата

– биографии на лицата вклучени во проектот

– активна трансакциска сметка на здружението или организацијата што се пријавиле на Конкурсот на која може да се префрлат добиените средства

– Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавување на Конкурсот на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат. Проектите поддржани со овој Конкурс ќе бидат составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2024 година. Износот на финансиската подршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Здруженијата учесници на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Конкурсот.

Пријава

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...