spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Ги доделивме првите 13 договори од последниот јавен повик за ИПАРД...

МЗШВ: Ги доделивме првите 13 договори од последниот јавен повик за ИПАРД 2 програмата

Пред крајот на оваа година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, ги доделија првите 13 договори од последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата.

Последниот јавен повик, беше отворен само за мерката 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, објавен на 04.08.2023 година, а отворен за аплицирање до 03.10.2023 година. На јавниот повик прифатливи беа инвестиции само во набавка на опрема вклучително и фотонапонски панели. Инвестиции во градби не беа прифатливи од причина што имплементацијата на ИПАРД 2 програмата завршува на 31.12.2024 а реализацијата на инвестициите е предвидена до 31.05.2024.

Расположлив буџет на повикот беше 8.818.187 милиони евра, вкупно ЕУ средства заедно со национално кофинансирање, истите потекнуваат од корисници кои не ги реализирале своите инвестиции заради различни причини.

„За да го надминеме ова и да им излеземе во пресрет на компаниите, овозможивме преку јавен повик повторно да ги ставиме на располагање заостанатите средства. Пристигнаа 58 апликации, од кои по евалуацијата 16 се одбиени, 13 договори ќе доделиме денес, а за останатите во тек е проверката на референтните цени.  По завршувањето на целиот процес, очекуваме вкупно за овој повик да бидат склучени  околу 40 договори со вкупна вредност на финансиска поддршка од 4,5 до 5 милиони евра. Денеска, предновогодишно ќе ги доделиме првите 13 договори во вредност од 1.3 милиони евра, пари кои ќе бидат инвестирани во набавка на нова опрема за производство, преработка или складирање на вино, месо и месни производи, овошје, зеленчук, легуминози, мелнички производи, живина и јајца како и за набавка на фотонапонски панели“ изјави министерот Николовски.

На настанот кој помина во позитивна атмосфера и во знакот на успехот на ИПАРД 2 програмата, беше потенцирано дека инетересот за оваа програма е толку многу зголемен што навистина реално ги оправдува напорите на Министерството и Платежната агенција за максимално искористување на сите средства.

Министерот Николовски им честиташе на сите и им посака успешна реализација на инвестициите.

„Ви благодарам за соработката и за довербата. Заедно успеавме да ги искористиме сите средства од ИПАРД 2 програмата и да ги инвестираме дома за помодерно и конкуретно производство. Знам дека знаете но сепак со гордост повторно ќе кажам дека ние сме лидери во регионот. Се надевам дека ова лидерско место ќе го оправдаме и со ИПАРД 3“ потенцираше министерот Николовски и им ги честиташе новогодишните празници на сите присутни.

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте