Почитувани
Настанатата ситуација со полагањето на квалификациониот испит е пролонгирана заради објективни причини за што Министерството за правда нема никаква поврзаност со оглед на тоа што Академијата за судии и јавни обвинители е посебен, самостоен орган.
Поради опасноста од пропаѓање на испитниот процес на целата генерација, а и големиот недостаток во државата на судии и јавни обвинители,Министерството за правда преку Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители беше информирано за потребата од иницирање на законски измени, како би продолжил испитниот процес во согласност со законот. Како слично решение кое веќе се спроведува во пракса е решението содржано во Законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РСМ бр. 67/22“)
Министерството за правда никогаш не се мешало ниту пак ќе се меша во иднина во спроведување на испитот туку се јавува во улога на предлагач на законот кој е во согласност со меѓународните стандарди.
Ако било кој од политичките фактори во државата има предлог како да се надмине ситуацијата, ние тоа ќе го прифатиме, но да не заборавме дека веќе се спроведени три елиминаторни фази од испитот, кои се спроведоа успешно.
Искуствата и праксата од 17 годишното постоење на АСЈО, покажуваат дека сите досегашни испитни процеси согласно предложените измени кои биле и законско решение во претходните Закони, поминале без проблеми.
Извор: Министерство за правда