Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР е веб портал одржуван од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.
ЕНЕР е корисна и практична алатка преку која засегнатите страни можат да се информираат и активно да се вклучат во процесите на донесување на регулативи.
Покрај постојните прописи во Република Северна Македонија, ЕНЕР содржи и: Известувања за почеток на процесот на подготовка на закон, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата-ПВР, Предлог закони и други типови на документи, Пречистени закони, Предлог иницијативи за конкретни законски одредби или општи предлози, како и коментари, сугестии итн.
Со ЕНЕР се овозможува граѓаните континуирано да учествуваат во процесот на креирање на политики, во насока на поголема транспарентност.
Покрај на македонски јазик, отсега е достапен и на албански јазик.
https://ener.gov.mk/files/userManual/enerInfo_AL.pdf
https://ener.gov.mk/files/userManual/enerInfo.pdf
https://ener.gov.mk/Default.aspx
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација