spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Петровска за 80 години од ослободувањето - Денес, како и пред...

МО: Петровска за 80 години од ослободувањето – Денес, како и пред 80 години стоиме на вистинската страна на историјата, залагајќи се за слобода и напредок

Министерката за одбрана Славјанка Петровска се обрати на трибината посветена на Народноослободителната борба и 80 години од ослободувањето каде се осврна на влогот на партизаните во создавањето на слободна и независна македонска држава и вредностите на борците кои и денеска се наша реалност во градењето на независна, суверена држава, членка на НАТО – Алијансата.

Министерката Петровска истакна дека членовите на Сојузот на борци имаат голема улога во достигнувањето на нашата стратешка цел – членството во НАТО и  дека со нивна поддршка најдовме решенија за сите предизвици.

„Со вашето искуство и вашата мудрост, секогаш сте биле на вистинската страна, а тоа е на страната на напредокот на државата. Помогнавте да се оствари една од најважните стратешки цели за нашата држава и сонот, и ваш и на вашите деца и на вашите поколенија“, рече министерката.

Петровска додаде дека пред нас е важна задача да продолжиме да развиваме просперитетна и демократска држава интегрирана во Европската Унија.

„Успехот што денеска нашето знаме гордо се вее со другите знамиња на моќни земји членки на Алијансата е успех кој покажува дека со труд и посветеност резултати ќе имаме. Во битката за европската интеграција на нашата држава ние нема да се откажеме и ќе победиме затоа што вие нè научивте дека треба да победуваме“, порача Петровска.

Министерката додаде дека Сојузот на борците ќе продолжи да ја добива сета поддршка од Министерството за одбрана и од Армијата, на тој начин негувајќи го делото на борците од Народноослободителната борба.

„Јас сè уште ги памтам тие снимки кога тие кои ја создаваа оваа држава беа избркани од сопствените простории. Нема да дозволиме никогаш тоа да се повтори и најважно од сè е дека ќе најдеме простории кои ќе бидат навистина репрезентативни“, рече министерката.

На трибината се обратија и претседателот на Сојузот на борците, Никола Стојановски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...