spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нов лапароскоп во Гостиварската Болница

МЗ: Нов лапароскоп во Гостиварската Болница

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија.

-Со ова првпат во областа на урологија ќе се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и ќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции.

Лапароскопската и ендоскопската опрема е набавена од Министерството за здравство во вредност од 10.5 милиони денари.

Со оваа инвестиција значително се унапредува специјалноста урологија во оваа болница, а воедно се проширува опсегот на здравствени услуги кои се обезбедуваат во установата.

Сакам да истакнам дека изминатиот период за установата набавивме и подвижен рендген апарат со C-рака со дигитален детектор во вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

Овие инвестиции се показател за континуираното унапредување на условите за третман на пациентите во установата, и со оваа динамика продолжуваме да реализираме нови инвестиции и во следниот период, изјави Меџити.

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...