spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Антидопинг регулацијата во Македонија

АМС: Антидопинг регулацијата во Македонија

Заедно со вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, директорката на Антидопинг Агенцијата на Република Србија Милица Вукашиновиќ Весиќ, гостите од Светската Анти Допинг Агенција, Rafael Piechota, Michael Cepic и Sebastian Gilot се разговараше за искуствата, но и важноста од Законот за Антидопинг, како заштита на спортистите и спортот воопшто.
Законот ќе придонесе да се донесат соодветни мерки на национално ниво,во согласност со принципите на Светскиот Анти Допинг Код.
Покрај тоа, формирањето на македонска Национална Анти Допинг Организација е од огромно значење, бидејќи преку законот ќе се утврди нејзината надлежност, дејноста и внатрешната организација.
Законот против допинг во спортот и негово спречување во моментов е во Министерството за правда.
Сите досегашни активности се спроведуваат согласно меѓународните стандарди и конвенции. Тоа го прават членовите на Националната Комисија за анти допинг Организацијата, која треба да прерасне во Национална Анти допинг организација.
Како благодарност до партнерите од странство им беше доделена благодарница за нивниот несебичен придонес во Антидопинг регулацијата.

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...