spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, ноември 2023 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, ноември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 11 726 317 илјади денари, што е за 31.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (53.8 %) е наменето за објекти од високоградба, 70 (22.0 %) за објекти од нискоградба и 77 (24.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 318 објекти, на 182 (57.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 (42.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од 55 047 м2.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...