spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите и универзитетскиот свет

МИОА: Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите и универзитетскиот свет

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со проф.д-р. Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Игор Неделковски,  ректор на Универзитетот „Св, Климент Охридски“-Битола, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. Др. Јусуф Зејнели, ректор на Универзитетот во Тетово, проф.д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Иван Бимбиловски, ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ -Охрид и проф. д-р Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување комуникациски мост меѓу институциите.

 

 

Во рамките на сите заложби во областите кои МИОА ги реализира и исполнува, министерот Алиу се фокусира и на промовирање на иновациите, главно во високообразовните институции во нашата земја:

 

“Студентите и универзитетските предавачи ќе имаат можност да се вклучат во широк спектар на заеднички активности, како што се продлабочување на соработката со вработените во МИОА во правец на размена на искуства и знаења, изготвување законски решенија и нивно успешно спроведување, заеднички истражувачки напори, учество и организација на семинари, конференции и различни академски активности. Мојот стремеж е да постигнеме универзитетите на Северна Македонија да бидат целосно вклучени во заедницата на европските универзитети“, истакна министерот Алиу.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...