spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: И оваа година општината финансиски ја поддржа прославата за празникот Свети...

Карпош: И оваа година општината финансиски ја поддржа прославата за празникот Свети Атанасиј

По повод предстојниот празник Свети Атанасиј, кои жителите на Влае, Злокуќани и Пецо Божиновски-Кочо, традиционално го чествуваат овој голем ден, Општина Карпош финансиски ги поддржа со сума од по 30.000 денари за потребите на целосната организација.

Имено, советниците на Општина Карпош, ја одобрија бараната сума за поддршка на прославата на празникот, и со тоа на 31 јануари, жителите на трите урбани заедници ќе организираат пригодна славска посна трпеза.

Овој православен празник се одбележува секоја година во Влае, Злокуќани и Пецо Божиновски-Кочо.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...