HomeМинистерстваМЖСПП: Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист...

МЖСПП: Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“

spot_img
spot_img

Денеска се одржа вториот состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“, што го имплементира Канцеларијата на ОН за проектни услуги – УНОПС во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, чија цел е да придонесе за намалување на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот во четирите општини Битола, Куманово, Скопје и Тетово.

На состанокот беше презентиран прогресот на проектот во изминатите три месеци, а  министерката Шукова во своето обраќање истакна дека овој проект е од исклучителна важност во справувањето со загадувањето на воздухот во нашата држава.

2 Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“

Таа порача дека само со вклученост на сите релевантни институции на централно и локално ниво и со заеднички пристап можеме успешно да ги реализираме зацртаните политики во животната средина и да постигнеме видливи резултати. Нејзините очекување се дека позитивните искуства од проектот ќе се пренесат и во другите општини во државата.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија