spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Ново детско игралиште околу Социјалните згради во Бутел 2

Бутел: Ново детско игралиште околу Социјалните згради во Бутел 2

Продолжуваат активностите за реализирање на ветените проекти на граѓаните.

Започнува изградбата на ново детско игралиште, коешто се наоѓа на улица “Босна и Херцеговина” во населеното место Бутел 2.

Ново детско катче за најмладите дечиња со многу нови содржини,за квалитетно да го поминуваат слободното време.

Ќе биде поставена нова висококвалитетна мека подлога, за безгрижна игра на дечињата. Исто така, ќе бидат поставени и нови реквизити, нова урбана опрема и ќе се изврши целосно уредување на просторот.

Општина Бутел е поубаво место за живеење, со многу нови содржини.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте