spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ШУКОВА - Ние, како држава мора да преземеме сеопфатни мерки на...

МЖСПП: ШУКОВА – Ние, како држава мора да преземеме сеопфатни мерки на адаптација кон климатските промени

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  имаше воведно обраќање на завршната конференција на проектот: „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“. На настанот релевантните чинители и носители на одлуки ја елаборираа моменталната состојба и справувањето со недостатоците и зголемување на отпорноста при катастрофи на национално и локално ниво, а се дискутираа и потребата од интерсекторска соработка, како и прашањата и активностите што треба да се спроведат со цел воспоставување на функционален механизам за цивилна заштита. Беше направен и краток преглед на локалните планови за клима и енергија за Општина Прилеп, Демир Капија и Центар, како и на одредбите за климатска адаптација од предлог Законот за климатска акција и обврските за општините.

1 ШУКОВА: Ние, како држава мора да преземеме сеопфатни мерки на адаптација кон климатските промени

Според министерката Каја Шукова, досегашните проекции покажуваат дека климатските промени негативно ќе се одразат врз најранливите сектори – водните ресурси, земјоделството, шумарството и биодиверзитетот, поради што ние, како држава мора да преземеме сеопфатни мерки на адаптација.

2 ШУКОВА: Ние, како држава мора да преземеме сеопфатни мерки на адаптација кон климатските промени

– Адаптацијата кон климатските промени значи преземање акција за планирање и прилагодување на сегашните и очекуваните влијанија на климатските промени. Како држава, имаме изработено 4 национални комуникации/планови за климатски промени во кои детално се анализирани климатските сценарија и нивните влијанија врз најзасегнатите сектори, со предложени мерки за ублажување на влијанијата во сите сектори. Воедно, Министерството го подготви предлог Законот за климатска акција, кој беше неколкупати предмет на јавна расправа во текот на 2023, а покрај донесувањето на правната рамка, ни претстои долгорочна соработка меѓу националните и особено локалните институции во делот на спроведување на  мерки за прилагодување, академскиот сектор, како и меѓуресорска соработка – истакна Шукова, додавајќи дека на национално ниво, како мала земја ранлива од климатските промени, ќе посветиме посебни напори во донесувањето на долгоочекуваниот Национален план за адаптација, за чие идно спроведување ќе биде потребна дополнителна финансиска и техничка помош од донаторската заедница.

Таа нагласи и дека општините треба да ги искористат проектите и иницијативите за меѓународна соработка, кои имаат за цел јакнење на капацитети со цел да развијат политики, стратегии и мерки за адаптација.

Проектот го спроведува Центарот за климатски промени во рамките на програмата Граѓанска организација за климатски активности финансирана од Владата на Шведска и имплементирана од Еко-свест, МЗМП и Фондацијата CNVP.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...