spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Градоначалникот ја потпиша Декларацијата за активна заштита на животната средина со...

Центар: Градоначалникот ја потпиша Декларацијата за активна заштита на животната средина со МЖСПП

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, заедно со градоначалници од други општини, денес ја потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.
Со потпишување на Декларацијата се залагаме за намалување на емисиите на стакленичките гасови, за спроведување на регионална Зелена агенда и за зајакнување на капацитетите и стручноста во овој ресор на локално ниво.

Општина Центар во својата програма и проекти активно делува токму во таа насока. Со инвестирање во фотоволтаични централи, субвенции за еколошки превоз, зголемување на зеленилото, стимулирање на здрави животни навики кај своите жители, ние сме функционална алка во еколошките политики и стратегии на државата. 

Извор: Општина Центар

Прочитајте