spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Се остварува уште еден проект од програмата За Модерно Скопје, за развој на велосипедска мрежа со што граѓаните на градот Скопје добиваат целосно нова велосипедска патека, која ги поврзува општина Гази Баба со општините Центар и Аеродром.

Новите вело патеки се простираат на должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата „808“ во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот.

Со активностите на терен се реализира проектот „Скопје-град на велосипеди“ кој е еден од стратешките проекти од програмата „За модерно Скопје“. Во изминатите две години, градот Скопје инвестира во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...