spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Продолжува интересот за инвестирање во општината

Илинден: Продолжува интересот за инвестирање во општината

Во локалните економски зони во Општина Илинден секојдневно се градат и се отвораат нови стопански објекти, а веќе постоечките ги прошируваат своите капацитети, доволен показател дека Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Проширување на капацитетот направи и компанијата Дени Интернационал со изградба на нов деловен објект, магацински простор кој ќе се протега на површина од околу 12 000м².

На новиот деловен објакт денес беше поставен камен темелник, на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој  на компанијата и посака успешно понатамошно работење. Градоначалникот Георгиевски додаде дека Општина Илинден има одлични услови за поволна бизнис клима, како за домашни така и за странски инвеститори. Интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период придонесе  многу стопански субјекти да го почнат својот бизнис во општина Илинден, но и многу постоечки компании во општината да ги прошират своите капацитети.

И понатаму Општина Илинден останува отворена за сите домашни и странски компании, со цел отворање на нови работни места и  поквалитетен живот на граѓаните.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...