spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Поддршка за младите претприемачи

Илинден: Поддршка за младите претприемачи

Со цел поддршка на младите претприемачи Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична. Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување, а износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари. Исплатата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

На Јавниот повик право на учество може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 34 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2024 година со седиште на територија на општина Илинден.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.


DOWNLOAD: ЈАВЕН ПОВИК (PDF)

Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година арх.број 08-3422/13 од 22.12.2023 година и Правилникот за   условите ,  начинот  и критириумите за  доделување  на финансиски средства во вид на  еднократна парична помош за набавка на велосипеди,  инвертер клими односно соларни панели и  помош за млади претприемачи во Општина Илинден донесен од Советот на Општина илинден со бр.08-197/7 од 30.01.2023година, и Одлука за распишување јавен повик донесена од Градоначалникот на Општина Илинден бр.10-366/1 од 30.01.2024 година, Општина Илинден објавува       

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна финансиска парична помош за поддршка на  млади претприемачи на територија на Општина Илинден во 2024 година

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Илинден, согласно Програмата за финансиска подршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година  донесена од Советот на Општина Илинден предвидува еднократна финансиска парична помош  за поддршка на млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

1.2. Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за поддршка на млади претприемачи изнесува 6.000,00 денари.

1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.

1.4 Времетраењето на  јавниот повик е 6 ( шест) месеци од 01.02.2024 година до 31.07.2024 година

2. Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за  поддршка на млади претприемачи може да  оствари секое  полнолетно лице со навршени најмногу 34 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2024 година со  седиште на територијата на Општина Илинден .

3. Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • да е полнолетно лице со навршени најмногу 34 години;
  • да регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар во текот на  календарската 2024 година;

 4. Начин на пријавување на Јавниот повик

 4.1. За учество на јавниот повик, барателот е должен да ја поднесе следната документација:

  • пополнување на барање  за финансиска подршка за млади претприемачи (барањето може да се симне од web страната на Општина Илинден или да се подигне преку архивата на Општина Илинден
  • копија од важечка лична карта на барателот,
  • копија  од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ од Централен регистар дека е регистрирано трговско друштво од страна на подносителот на барањето во календарска 2024 година

4.2. Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на финансиска парична помош за подршка на млади претприемачи.

4.3. Барањето за еднкратна финансиска парична помош за поддршка на млади претприемачи граѓаните ја пополнуваат и поднесуваат преку архивата на Општина Илинден.

4.4. Примените барања се  примаат и архивираат со евидентирање  на точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.5. Рокот за поднесување на барања трае од 01.02.2024 година до 31.07.2024 година.

5. Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за подршка на млади претприемачи.

5.2. Општина Илинден  во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Илинден  ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.

6.2. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик

Извор: Општина Илинден

Прочитајте