spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија и Албанија придонесуваат во регионалната стабилност и најреалната шанса за...

Северна Македонија и Албанија придонесуваат во регионалната стабилност и најреалната шанса за членство во ЕУ до 2030, не смее да се пропушти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Фатос Река. На состанокот се пренесени честитки од премиерот на Албанија, Еди Рама, за изборот на премиерот Џафери на претседателската позиција во Владата, како и за изборот на новата Влада.

Нагласени се исклучително добрите односи помеѓу Северна Македонија и Албанија, како значаен пример за добрососедски односи во регионот, коишто се сериозен придонес во стабилноста на целиот Западен Балкан, а со тоа и на европскиот континент.

https://youtube.com/watch?v=4rvqc_D-Azk%3Fsi%3Dc2UxvasofZilTrnF

Северна Македонија и Албанија, како што е констатирано, се развиваат успешно по европскиот пат и заслужуваат полноправно членство во Европската Унија во динамичен процес до 2030 година. Тоа, како што се оцени, е од важност за граѓаните на двете држави, но и за европската стабилност, поради актуелниот геополитички контекст и затоа најреалната евроинтеграциска шанса досега, за двете држави, не смее да се пропушти.  

Во таа насока, премиерот Џафери истакна дека новата, преодна Влада, којашто се темели на проевропската коалиција, продолжува да работи согласно проевропскиот курс во политиките, чијашто цел е квалитет на живот на граѓаните по европски стандарди. Притоа, премиерот Џафери посебно посочи на фокусот на Владата за организирање мирни, фер и демократски избори, како и во претходните неколку изборни циклуси.

Во делот на развојот на соработката, премиерот Џафери и амбасадорот Река се согласија дека постои заедничка определба за зајакната регионална економска интеграција, за што се доказ веќе потпишаните протоколи за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан, како и за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Се разговараше и за посветеноста кон инфраструктурното поврзување преку коридорите 8 и 10, што носи економски придобивки за двете држави.

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...