spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: 500 трансплантација на бубрег - Органодарителството спасува живот

МЗ: 500 трансплантација на бубрег – Органодарителството спасува живот

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство.

Во декември успешно се изведе јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка која била во тешка состојба. Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е во добра здравствена состојба и полека се враќа на секојдневните животни активности.

Упатувам огромни честитки до директорите на клиниката, до националниот координатор за трансплантација и целиот стручен тим за одличните резултати што ги постигнуваат сите овие изминати години.

Органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината. Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници, изјави министерот Меџити.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МФ: Димитриеска-Кочоска – Со поддршка од ГИЗ ги дигитализираме процесите за...

0
Дигитализацијата на процесот на подготовка на Програмата на економски реформи, која е дел од пристапниот процес во делот на економското управување, а ја координира...