spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМТВ: Бочварски - Реконструиравме преку 180 улици во општините, поддршката продолжува за...

МТВ: Бочварски – Реконструиравме преку 180 улици во општините, поддршката продолжува за да создадеме подобри животни услови за граѓаните

Во континуитет го подобруваме животот на граѓаните, а урбаниот развој и подобрување на локалната инфраструктура во општините се нашите приоритети и ние активно работиме на таквите приоритети. Централната власт остануваме најголем поддржувач и инвеститор во општините, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Валандово.

Во рамки на посетата, министерот Бочварски со градоначалникот Перо Костадинов потпишаа договори за реализација на инфраструктурни проекти во општина Валандово. 

Тие извршија увид во изградба на локалниот пат за поврзување на населените места Јосифово и Калково, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Исто така извршија увид и на завршениот локален пат во н.м Горна Маала во село Јосифово, инвестиции со вкупна вредност од преку 20 милиони денари.   

„Ова се многу значајни средства за локалната самоуправа и убеден сум дека даваме силен инпут за развој на општината и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Нашиот приоритет останува ист, модернизација на инфраструктурата во општините, бидејќи тоа носи директен бенефит за населението. Општина Валандово е една од општините која максимално ги користи средствата што централната власт ги има наменето за поддршка на локалните самоуправи, а ние преку Министерството за транспорт и врски тука инвестираме како во патната, така и во комуналната инфраструктура и исклучително сум задоволен од досегашната соработка која ја имаме со градоначалникот Костадинов. Имаме прецизен план како да ги развиваме општините, а тоа го покажуваме токму со овие директни инвестиции. Продолжуваме со добрата комуникација и заедничка соработка, граѓаните ни се на прво место и работиме за обезбедување подобри услови за живот во сите општини.“ – изјави министерот Бочварски.

Градоначалникот Костадинов најави продолжување на активностите со цел модернизација на целокупната инфраструктура во општината.

„Со министерот Бочварски и министерството имаме исклучителна соработка изминатите години и до сега реализиравме голем број проекти со кои општина Валандово може да се пофали. Во фаза на реализација сме на изградба на локалниот пат од Јосифово кон Калково а претходно го завршвме кон населеното место Горна Маала. Во делот на комуналната инфраструктура работевме заедно на изградба на примарната водоводна мрежа до н.м. Калково. Граѓаните ја забележуваат градежната активност која се случува во нашата општина и верувам дека правиме вистински напредок во делот на подобрување на условите за живот на сите. Сите граѓани ни се подеднакво важни и така и продолжуваме понатаму.“ – истакна градоначалникот Костадинов.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...