spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: “Крени глас против врсничкото насилство”

Бутел: “Крени глас против врсничкото насилство”

Денес, градоначалникот Дарко Костовски го потпиша Mеморандумот за соработка помеѓу oпштина Бутел и “Макпетрол”, со којшто локалната самоуправа се приклучи на проектот “Крени глас против врсничкото насилство”.

Овој проект ќе се спроведува во сите општински основни училишта, преку едукативни работилници за учениците.

Воедно, општина Бутел е една од првите општини којашто силно се посвети на решавање на проблемот со врсничко насилство.

Општината презеде повеќе активности и овозможи обуки за стручниот и наставниот кадар во основните училишта и градинките.

Општина Бутел секогаш ќе биде партнер за реализација на проекти, кои се во насока на надминување на каков било вид насилство.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте