Комората за вештаци одржа конситутивна седница на која министерот за правда Кренар Лога им посака успешна работа на претставниците на професионалните одделенија на Комората со што после долги години ќе се решат проблемите кои беа настанати заради нејзината нефункционалност .
Министерот за правда Кренар Лога неодамна основаше 18 професионални одделенија кои ќе треба да го подобрат квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредување на стручноста, следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните.
Согласно законот за вештачење, основани се професионални одделенија за вештачење од областа на архитектурата, криминалистика и криминологија, геодезија, градежништво, електротехника, земјоделство, информатички технологии, материјално, сметководствено и финасиско работење, машинство, психијатирија, шумарство, општа хирургија, ортопедија и трауматологија, сообраќај, судска медицина, интелектуална сопственост, безбедност и здравје при работа и професионално одделение од областа на други области.
Извор: Министерство за правда