HomeМинистерстваМП: Конститутивна седница на Комората за вештаци

МП: Конститутивна седница на Комората за вештаци

spot_img
spot_img

Комората за вештаци одржа  конситутивна седница на која министерот за правда Кренар Лога им посака успешна работа  на претставниците на професионалните одделенија на Комората  со што после долги години ќе се решат проблемите кои беа настанати заради нејзината нефункционалност .

Министерот за правда Кренар Лога неодамна основаше 18 професионални одделенија кои ќе треба да  го подобрат квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредување на стручноста, следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните.

Согласно законот за вештачење, основани се професионални одделенија за вештачење од областа на архитектурата, криминалистика и криминологија, геодезија, градежништво, електротехника, земјоделство, информатички технологии, материјално, сметководствено и финасиско работење,  машинство, психијатирија, шумарство, општа хирургија, ортопедија и трауматологија, сообраќај, судска медицина, интелектуална сопственост, безбедност и здравје при работа и професионално одделение од областа на други области.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте