Врз основа на член 49 став (7) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 215/21), и Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 27/23 и 189/23) министерката за животна средина и просторно планирање донесе одлука за распоредување на средства по објавениот „Јавен конкурс за развој и имплементација на национална кампања за подигање на јавната свест и едукација на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад“, на правното лице Друштво за услуги „БД Група“ ДООЕЛ, Скопје.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање