spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: 9.600 денари по хектар 100% зголемена поддршка за зелена нафта, 5.000...

МЗШВ: 9.600 денари по хектар 100% зголемена поддршка за зелена нафта, 5.000 денари по хектар поддршка за зачувување на македонска автохтона винска лоза Станушина и зголемена поддршка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски пред лозарите на денешната средба во Кавадарци, ги претстави новите мерки предвидени за поддршка на секој еден земјоделец за оваа 2024 година.

„Како што ветивме пред земјоделците, од оваа година поддршката до сите земјоделци за мерката зелена нафта ја зголемуваме на 100%. Мерка воведена за прв пат во 2019 година. Тогаш со поддршка од 30% во трошоците за гориво на земјоделската механизација, за во 2022 година поддршката да ја зголемиме на 50% и денес поддршката за зелена нафта да достигне до 100%, од трошоците за гориво на земјоделската механизација, поддржувајќи годишно 55.000 земјоделци“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски во обраќањето додаде дека преку зголемувањето до 100% во поддршката за зелена нафта, поддршката која лозарите за оваа мерка ја добиваат достигнува вредност од 9.600 денари по хектар.

Оваа 2024 година поголема поддршка добиваат лозарите и за остварено производство на грозје. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, најдоцна до 30 април 2024 година, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари. Од кои, 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.

„Ваквата мерка е во насока за постигнување на поставените цели од Стратегијата за развој на лозарството и винарството, зголемување на производството флаширано вино, зголемен квалитет на македонското вино и неговата вредност на странските пазари. Ги охрабруваме производителите на винско грозје и винарските визби, уште во период на првите агротехнички мерки, да го договорат начинот на одгледување на лозовите насади. Со цел добивање на суровина за производство на високо квалитетни вина, кои ќе бидат препознаени на странските пазари и ќе постигнат цена, што ќе ги задоволи и производителите на вино и производителите на грозје“, истакна министерот Николовски.

Зголемената подршка е само почеток во низата на мерки за развој на лозарството и винарството. Имајќи во предвид дека со новиот закон за вино, кој е веќе во собраниска постапка, предвидуваме посебна програма за финансиска поддршка во развој на лозарството и винарството. Програма каде се предвидуваат дополнителни мерки согласно политиките на Европската Унија, за одржување и развој на лозарството и винарството.

Поддршка плус за лозарите, преку програмата за рурален развој, обезбедуваме во зачувување на нашата македонска автохтона винска лоза Станушина. Поддршката се реализира преку програмата за директни плаќања, во висина од 5.000 денари, по хектар. Корисници се земјоделски стопанства, кои имаат засадена минимална површина од 0,2 ха со автохтоната сорта Станушина.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте