spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПретстојните избори се дел од патот на Северна Македонија кон Европската Унија

Претстојните избори се дел од патот на Северна Македонија кон Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со амбасадорите на државите членки на Европската Унија во државата и амбасадорот на Европската Унија во Скопје.
 
Ова е прва заедничка средба на Премиерот со амбасадорите и можност лично да ги информира за програмата на Владата во претстојниот период во насока на обезбедување континуитет на владините политики, и активностите врзани за организирање на претстојните претседателски и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање пред присутните, меѓу другото, премиерот истакна: „Првата јасна порака што сакам да ви ја пренесам на овој состанок е дека сум одлучен, Владата што ја предводам да одговори на законската обврска да спроведе фер и демократски изборен процес, согласно највисоките европски стандарди и практики“. 

Во тој контекст, претседателот на Владата, Џафери, рече дека обврска за фер и демократски избори, покрај Владата и државните институции, имаат и сите политички субјекти во земјава, односно, истите треба да покажат зрелост и одговорност, како што и приличи на земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ и движечка сила на евроатлантската ориентација на регионот, а тој лично, ќе се заложи за атмосфера на конструктивност.

https://youtube.com/watch?v=ILQv7MDsi_8%3Fsi%3D_RF1vu2UOeWGTPLE

 „Важно е на изборите на 8 мај – и по нив, во предвидените законски рокови, да биде избран новиот претседател на државата и да биде формирана новата Влада, со полн легитимитет, за да нема застој на нашиот започнат пат“, нагласи Џафери.

Во контекст на владината програма, премиерот истакна дека Владата има јасен фокус кон европските интеграции и недвосмислена про-европска ориентација, што ќе значи континуитет во евроатлантските политики и на домашен и на надворешен план. Во таа насока, како претседател на Владата, ќе дава целосна поддршка на Собранието, штом се создадат неопходните услови за тоа, да бидат изгласани предложените измени на Уставот, кои се единствениот услов од Преговарачката рамка со Европската Унија и од кои зависи одржувањето на втората меѓувладина конференција со ЕУ, со тоа и формалното отворање на преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ.

Во дискусијата, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Скопје, покрај честитките за изборот на премиерот Џафери и за новиот владин состав, изразија силна поддршка за определбите на премиерот и на Владата за спроведување фер и демократски претседателски и парламентарни избори, како и за најавениот континуитет во политиките и соработката на домашен и надворешен план, согласно европската агенда. 

Беа разменети мислења за продолжување на реформската агенда на Владата во претстојниот период, следните чекори врзани за изборниот процес, процесот на уставни измени и владините економски политики. 

Извор: Влада

Прочитајте

МНР: Османи – Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција, упати најостра осуда за масовниот напад на Иран врз Израел во текот на ноќта,...