spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Субвенции за младите кои посетуваат обуки полагање на возачка дозвола

Карпош: Субвенции за младите кои посетуваат обуки полагање на возачка дозвола

Започнувајќи од среда, (07.02.2024 година), локалната самоуправа објави Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола од Б категорија. За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди вкупно 7.000.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата водејќи се според принципот „прв дојден, прв услужен“. Право на субвенција имаат младите лица кои се родени во 2006 година, односно кои во 2024 година ќе наполнат 18 години, кои мора да се жители на општина Карпош заедно со нивните родители, најмалку 3 (три) години до денот на поднесување на барањето.

Во овој случај, висината на субвенцијата ќе биде определена според следните критериуми:

  • Двајца родители со вкупен приход до 80.000  денари добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел
  • Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел
  • Двајца родители со вкупен приход од 100.001  до 120.000 денари добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел
  • Двајца родители со вкупен приход над 120.001  денари добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.

Притоа, целосно ќе бидат разгледани барањата за субвенции, само на оние лица кои уплатиле парични средства за посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиената Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општината. Во таа насока ви ги посочуваме авто школите, кои се избрани по претхотно објавениот Јавен повик:

  • Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје – АМСМ
  • Друштво за туризам, транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за сообраќајно воспитување ШКОРПИОН ЕДУКАЦИЈА Скопје
  • Друштво за промет на мало и големо и обука на возачи АВТОМАК ГОЦЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

Тоа значи дека, корисници на субвенции можат да бидат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик.

Поднесувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази. Имено, во првата фаза треба да се поднесе барање за издавање на Потврда за исполнување на критериуми, (се подигнува во Архивата на Општина Карпош, која се наоѓа на ул. Радика бр. 9 – барака 2 или пак на веб страницата на Општината), со Изјава за согласност за обработка на лични податоци. Апликантите приложуваат копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање, како и копија на лична карта од двајцата родители како доказ дека живеат најмалку 3 (три) години во општина Карпош.

Во втората фаза, потенцијалните корисници на субвенции треба да поднесат до Архивата на Општина Карпош, Барање за субвенционирање за поврат на одреден износ на уплатени средства, од вкупниот износ за  обука за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериуми). Тие исто така треба да обезбедат и:

  • Потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
           Карпош,
  • Оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и практична обука во автошколата,
  • Потврда за остварени приходи добиена од работодавачот за последните три месеци. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето од двајцата родители
  • За невработени лица – Потврда од Агенција за вработување дека родителот е евидентиран како лице кое бара работа – активен барател на работа или листа од ПИОМ дека родителот е невработено лице. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето за исполнување на критериуми.
  • Копија од трансакциска сметка.

Како што напоменавме, барањата со комплетната документација треба да се достават до Архивата на Општина Карпош (ул. „Радика“ бр. 9 – барака 2) а по поднесувањето на документите, подносителите ќе бидат известени во писмена форма.

Правото на субвенција е еднократно а за сите дополнителни информации, заинтересираните странки можат да се обратат во Секторот за развој кај лицата за контакт:

Никола Димовски 076/299-175 и Драгана Божиновска 070/509-709.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...