spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: ЈАВЕН ПОВИКза избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за идни наставници...

НАЕОП: ЈАВЕН ПОВИКза избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за идни наставници (ИТЕ/амбасадори/ITE ambassadors) на акцијата еТвининг

Врз основа на Решение бр. 20-182/2 од 02.02.2024 година, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

                     ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за идни наставници (ИТЕ/амбасадори/ITE ambassadors) на акцијата еТвининг  во времетраење на двегодишниот акциски план.



Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) поднесува барање за објава на повик за избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за идни наставници (ИТЕ/амбасадори/ITE ambassadors) за акцијата еТвининг  во времетраење на двегодишниот акциски план

Обврски и задачи на еТвининг амбасадорите за идни наставници
Задачите на амбасадорите ќе бидат договорени во согласност со еТвининг координаторот. 
Тие вклучуваат:
• Промовирање на еТвининг платформата за идни наставници
• Организирање на информативни настани и вебинари  за презентација на придонесот од воведувањето на еТвининг во образованието на идните наставници, како и за професорите по методологија 
• Зголемување на бројот на корисници на платформата и запознавање на студентите и професорите со можностите што ги нуди еТвининг .
• Истакнување на придобивките како што се: откривање и примена на проектна настава, развој на ИКТ вештини, европски и интеркултурни искуства, како и развој на професионални вештини.
• Поднесување на извештаи за својата работа, листи за присуство, снимки и фотографии од настаните до еТвининг кординаторот,  доколку тоа се побара од него.
• Учествување во работни групи и состаноци организирани од страна на националниот и централниот сервис за поддршка:
еТвининг амбасадорот за идни наставници има обврска да учествува во работни групи и состаноци како дел од националниот сервис за поддршка во земјава и надвор и е должен да поднесува извештаи до еТвининг кординаторот за истото.

Финансиски надомест


 еТвининг амбасадорот за идни наставници нема право на финансиски надоместок за своите промотивни активности.
Националната агенција е должна да ги покрие трошоците за пат, вклучувајќи авионски, автобуски и железнички превоз, како и котизацијата за учество на настан организирани од страна на националниот и централниот сервис за поддршка. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување во и надвор од Република Северна Македонија за време на договорениот период


 Критериуми за аплицирање


• Кандидатот треба да е вработен во институција за  подготовка на идни наставници во Република Северна Македонија (Педагошки факултет, секој друг факултет во Република Северна Македонија, кој се занимава со подготовка на идни наставници)
• Да e регистриран на еТвининг порталот
• Да поседува најмалку една еТвининг ознака за квалитет или да има започнато етвининг проект
• Да има развиени организациски, комуникациски и презентациски способности

* Доколку амбасадорот за идни наставници не ги извршува своите обврски според договореното, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има право во секој момент да го прекине договорот со него

Начин на аплицирање


Кандидатите е потребно да достават апликација на електронската пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 09.02.2024 година, 16.00 часот
со назнака ( до еТвининг одделение)  со задолжителна документација во прилог и тоа:
• кратка биографија
• Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, адреса на живеење
• ознака за квалитет или доказ дека имаат започнато проект со студенти во еТвининг платформата

Општи мерки за спречување на корупција


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за идни наставници (ИТЕ/амбасадори/ITE am-bassadors) на акцијата еТвининг во времетраење на двегодишниот акциски план и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте