spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со унгарскиот амбасадор Н.Е. Андраш Клајн

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со унгарскиот амбасадор Н.Е. Андраш Клајн

Продолжува одличната соработка со унгарската држава преку Амбасадата во Република Македонија. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со унгарскиот амбасадор Н.Е. Андраш Клајн. Во пресрет на Националниот ден на унгарскиот народ кој Општина Кисела вода редовно го одбележува со пригодна свеченост пред спомен плочата на Шандор Петефи во населбата Драчево, денес се дискутираше на бројни теми кои овозможуваат унапредување, пред се’, на културната соработка. Меѓу другото, во основните училишта на територија на општина Киселa Вода и оваа година ќе биде распишан конкурс на теми поврзани со животот и делото на Шандор Петефи, за Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава, а за најдобрите ќе има награди овозможени од унгарската амбасада.

Низ конкретни идеи беа дефинирани и повеќе други сфери на можна соработка, а градоначалникот Ѓорѓиевски доби и покана за претстојната свеченсот на Здружението на унгарците во Македонија, “Теледом”, чиј Претседател Јожеф Шутуш беше присутен на денешната средба.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте