spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: ЕУ останува силен поддржувач на државата во заложбите за намалување на...

МТСП: ЕУ останува силен поддржувач на државата во заложбите за намалување на невработеноста и унапредување на социјалната и детската заштита

Европската унија ќе продолжи да обезбедува финансиска и логистичка поддршка за креирање на квалитетни политики и мерки кои ќе ги унапредуваат системите за социјална и детска заштита и ќе ја подобруваат состојбата на пазарот на трудот преку подигнување на вработливоста на граѓаните и намалување на стапката на невработеност. 

Ова е потврдено на денешната прва средба на министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир на која се дискутираше за актуелната состојба во ресорот и планираните активности во периодот што следи.  

Велковски информираше дека во следните три месеци негов приоритет е подигнување на транспарентноста и ефикасноста на работата на министерството и на институциите под негова надлежност, со цел граѓаните да можат едноставно и навремено да ги остваруваат сите права кои им следуваат согласно законската регулатива. 

На средбата стана збор и за заедничките активности на МТСП и на Делегацијата на Европската Унија, а амбасадорот Гир изрази уверување дека европските фондови и натаму остануваат отворени за поддршка на проекти и мерки од кои крајниот бенефит е наменет за граѓаните. 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...