HomeМинистерстваМТСП: Преку соодветно вреднување на трудот на вработените, ќе ја подигнеме ефикасноста...

МТСП: Преку соодветно вреднување на трудот на вработените, ќе ја подигнеме ефикасноста на центрите за социјална работа

spot_img
spot_img

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски во редовна обиколка на центрите за социјална работа ширум државата. Тој ќе разговара со стручните работници во овие институции за да ги слушне проблемите со кои се соочуваат.

,,Сметам дека инвестирањето во овие хумани професии е клучот за да имате задоволни корисници во системот на социјална заштита. Луѓето биле заборавени со години, немало систем на вреднување на нивниот труд. Кога владее апатија меѓу вработените, не можете да очекувате од нив да го дадат најдобриот дел од себе во решавањето на проблемите на народот, а проблеми има многу”, изјави Велковски денеска од Тетово.

Министерот затекна и граѓани кои чекаа пред вратите на Центарот за социјална работа. Разговараше отворено со нив и најави редовни посети на сите центри за социјална работа ширум државата со цел изнаоѓање решенија за предизвиците и проблемите во ресорот кој тој го покрива во овој период.

,,Граѓаните бараат некој да ги слушне. Едноставно имаат потреба од помош во состојба на немоќ. Ние сме сервис на граѓаните и институциите мораат да бидат достапни и транспарентни. Не смее никој да биде игнориран од системот. Ние постоиме за нив”, рече министерот. 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија