spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

МЖСПП: Шукова оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Sredba-Shukova_Italijanski_Ambasador

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со амбасадорот на Република Италија во нашата земја, Н.Е. Андреа Силвестри.

На средбата беше истакнато дека продолжуваат добрите билатерални односи меѓу двете земји во полето на заштита на животната средина, а министерката Шукова изрази задоволство од континуираната поддршка на Италија во евроинтегративните процеси на нашата држава.

Притоа, се дискутираше за можното потпишување на Меморандум за разбирање за соработка во полето на одржливиот развој помеѓу Министерството за животна средина и енергетска безбедност на Италијанската Република и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република С.Македонија, а како посебна област од интерес се истакна управувањето со отпад на национално ниво и можностите за подобрување на заштитата на природата во националните паркови во државата.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте