spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Особена чест и задоволство ми е што со одлична динамика се спроведуваат проектите кои ги ветивме во програмата „За модерно Скопје“. И покрај сите блокади во Советот на Град Скопје успеавме да инвестираме и реализираме голем број капитални проекти кои суштински ќе го променат животот во главниот град.

Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија реализација започнува денес. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение на улица Љубљанска, со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување, со што во континуитет ги реализираме проектите од програмата која ја доби поддршката на мнозинството на скопјани.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Илинден: Масовно пошумување на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена...

0
Општина Илинден успешно ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира во изминатиот период...