spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Соработката меѓу Уставните судови на Северна Македонија и Република Турција е...

МП: Соработката меѓу Уставните судови на Северна Македонија и Република Турција е од големо значење за заштита на човековите слободи и права

За време на посетата на Уставниот суд во Анкара се разменија мислења и искуства за одредени правни прашања кои се од посебен интерес за два суда кои се однесуваат на разликите и сличностите од аспект на надлежностите и предизвиците со кои се соочуваат.

На средбата се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудството (2024-2028)  и Акцискиот план каде е предвидено зајакнување на улогата на Уставниот суд во остварување на начелото на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права.

Претставниците од Министерството за правда се заблагодарија на турските домаќини истакнувајќи дека пријателските односи, взаемната почит и соработката меѓу двата суда ќе продолжат и во наредниот период.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте