spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМинистерот за правда им посака успешна работа во Венецијанската комисија на професорите...

Министерот за правда им посака успешна работа во Венецијанската комисија на професорите Рената Дескоска и Јетон Шасивари

Владата на предлог на министерот за правда ги именуваше професорката Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија и професорот Јетон Шасивари за заменик член. 

Венецијанската комисија е орган на Советот на Европа и е составена од независни експерти кои се признати и познати по нивното искуство во демократските институции и по нивниот придонес во уставното право и политичкиот систем, со задача да дава правни совети во форма на правни мислења на нацрт закони или закони кои се веќе донесени во одредени земји.

Улогата на Венецијанската комсија е  да обезбеди правно мислење за нејзините земји-членки и особено да им помогне на државите кои сакаат да ги усогласат законите со европските стандарди и меѓународното искуство во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...