spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Министерот Ѓоко Велковски претседаваше со првата седница на ЕСС

МТСП: Министерот Ѓоко Велковски претседаваше со првата седница на ЕСС

На денешната прва седница на Економско-социјалниот совет со којa претседаваше министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски се разгледаа Годишниот извештај за работењето и функционирањето на ЕСС за 2023 година, Годишната програма за работа на ЕСС за 2024 година и Акцискиот план за вработување за 2024 -2027 година. На дневен ред на првата седница на ЕСС се најде и информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом, предложена од ССМ. 

По однос на Годишниот извештај за работењето и функционирањето на ЕСС за 2023 година, од страна на присутните беше искажана општа констатација дека во исклучително голем дел предвидената Програма за работа на ЕСС за 2023 година е реализирана, односно општ е впечатокот дека со предвидената динамика се одвивало работењето на ЕСС.

Во рамките на Годишната програма за работа на ЕСС за 2024 година предвидено е разгледување на повеќе извештаи, акциски планови, информации и измени и дополнувања на постојните законски решенија или донесување на нови за коишто е надлежен да ги разгледува ЕСС. 

Со Акцискиот план за вработување за 2024 -2027 година се предвидува остварување на следниве цели: подобрување на квалитетот на резултатите во образованието и обуката за сите, зголемување на улогата на политиките за развој на економијата и претпријатијата за создавање достоинствени работни места и  јакнење на инклузивноста на политиките на пазарот на трудот.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте