spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за...

МОН: Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во 2024 година – математиката, информатиката и природните науки

Врз основа на член 45 став (6) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) и Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 49/20), Министерството за образование и наука објавува 

Ј А В Е Н    П О В И К

за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2024 година од областа на математиката, информатиката и природните науки

1. Услов за учество

         На Јавниот повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2024 година од областа на математиката, информатиката и природните науки може да поднесат барање акредитирани здруженија на наставници за организирање на натпреварите на учениците од основните училишта од страна на Министерството за образование и наука.

            Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат на меѓународниот натпревар.

            Министерството за образование и наука за 2024 година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните наука, за најмногу шест ученици и најмногу три ментори, чија бројка зависи од правилата на организаторите на меѓународниот натпревар, како и во согласност со расположивите средства во Буџетот на Министерството за образование и наука.

2. Начин, потребна документација и рок на пријавување

            Акредитираното здружението на наставници, до Министерството поднесува барање со следната документација во прилог и тоа:

–       Решение за акредитација на здружението на наставници за организирање на натпревари за општинско, регионално и државно ниво,

–       Известување за извршен избор на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,

–       Известување за ментори на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,

–       Известување од организаторот на меѓународен натпревар за висината на котизацијата за учество на натпреварот,

–       Пресметка за висината на патните трошоци, и

–       Доказ (потврда, покана, електронски сајт и друго) за правилата на организаторите на меѓународниот натпревар каде се наведени правилата за учество на меѓународниот натпревар, меѓу кои и податокот за бројот на учесници на секоја делегација.

(симни Образец на Барањето)

            Барањето со прилог документите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука (во писарницата на Министерството за образование и наука) или преку пошта на следната адреса: бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2024 година од областа на математиката, информатиката и природните науки“, најдоцна до 31.10.2024 година.

 obrazec kotizacija-mk.doc

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Илинден: Ново детско игралиште

0
Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“. Детското игралиште е ново освежување...