spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Николовски го потпиша решението за формирање на Советот за мониторинг...

МЗШВ: Министерот Николовски го потпиша решението за формирање на Советот за мониторинг и координација на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го потпиша Решението за формирање на Совет за мониторинг и координација на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој, кој произлегува од новиот Закон за Советодавен систем во земјоделството и руралниот развој. 

Советот за мониторинг и координација на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој е составен од номинирани лица од 26 институции, научно- образовни установи и претставници од земјоделски здруженија со мандат од четири години. 

За претседател на Советот е назначен Гоце Георгиевски, раководител на Секторот за рурален развој, под чија координација успешно се имплементира новиот Советодавен систем. 

Ова национално тело ја има законската задача да го координира и да го одржува целокупното функционирање на Системот на знаење и иновации во земјоделството и со својата работа да дава сериозен придонес во земјоделскиот сектор преку препораки и усогласување во работата со сите институции кои директно или индиректно влијаат на развојот на земјоделството.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...