spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedАМС: Нова надеж за македонското алпско скијање

АМС: Нова надеж за македонското алпско скијање

Македонската скијачка надеж  Филип Димовски, оствари историска победа на 49 издание на едно од најголемите и најстари европски натпреварувања во алпско скијање за млади до 16 години, Покал Лока во Словенија.

Во силна конкуренција на 240 натпреварувачи од 26 земји, Димовски ја заврши слаломската трка на прво место, триумфирајќи пред Матеј Магдолен од Словачка и Апостолос Летсиос од Грција.

Тоа беше повод за организирање на прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој освен младиот скијач присуствуваше и претседателот на скијачка федерација Дејан Пановски.

-Остварувањето на Филип е од големо значење за македонското скијање од повеќе причини. Имено тој е показател дека индивидуалните спортови одат во нагорна линија, но е и единствен македонец кој застанал на пиедестал во алпско скијање. Агенцијата за млади и спорт секогаш е на располагање кога се во прашање младите спортски таленти, истакна директорот на АМС Мојсовски.

Пановски е задоволен од резултатите на младите скијачки надежи, потенцирајќи ја важноста на поддршката од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Мавровскиот меморијал, како и Шарпланинскиот Куп остануваат на програмата на Скијачка федерација, но се ставени под знак прашање поради временските услови, односно недостаток од снег на Македонските планини.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...